Без дозволи ќе се транзитира низ Хрватска

Bez autora
Feb 02 2011

Од наредната година транзитниот превоз низ териториите на Македонија и Хрватска станува либерален, односно без режим на транзитни дозволи. Ова го договориле мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, што на 27 и 28 јануари 2011 година се одржа во Скопје. На тој состанок е договорено да се разменат по 5.000 дозволи за билатерален превоз и 200 дозволи за трети земји. Со протоколот, всушност, од 2012 година се укинуваат 10.000 транзитни дозволи што македонските превозници требаше да ги поседуваат за транзитирање низ Хрватска. Целосно либерализиран транспорт, односно превоз на стоки без режим на дозволи, Македонија има договорено со Словачка, Велика Британија, Швајцарија, Унгарија и Чешка.

Без дозволи ќе се транзитира низ ХрватскаОд наредната година транзитниот превоз низ териториите на Македонија и Хрватска станува либерален, односно без режим на транзитни дозволи.

Ова го договориле мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, што на 27 и 28 јануари 2011 година се одржа во Скопје. На тој состанок е договорено да се разменат по 5.000 дозволи за билатерален превоз и 200 дозволи за трети земји. Со протоколот, всушност, од 2012 година се укинуваат 10.000 транзитни дозволи што македонските превозници требаше да ги поседуваат за транзитирање низ Хрватска.

Целосно либерализиран транспорт, односно превоз на стоки без режим на дозволи, Македонија има договорено со Словачка, Велика Британија, Швајцарија, Унгарија и Чешка.

За 2011 година е договорено доколку се потроши веќе разменетиот контингент помеѓу двете земји, да се разменат онолку дозволи колку што е потребно за задоволување на потребите на превозниците со што се надминува прашањето кое се однесува на евентуален недостиг на овие дозволи за македонските превозници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik